Статус на Сашо Тасевски:
За кое зголемување на плати зборувате? Нека ми прости Горнион ова што ќе го кажам, затоа ќе тргнам од себе. Мојата плата нешто не осетив дека скокна од 2017 до денес. Повеќе ми скокна како резултат на стажот отколку од покачувањата ваши на цевче..
Ама затоа ја осетив кога во 2007 година скокна за преку 100 проценти… Од 13.600 на 30000 денари. Ова е вистина, без предизборно керефекање и глуматање.
А знаете кој владееше тогаш? Браво. Фино што знаете. Владееше оној и оние кои не ги штедев од критика, дури и тогаш кога повеќето од вас не смееја да писнат од страв за работничката, платичката, статусот, тендерите, бизнисот… Затоа имам право и сега да зборувам како што е право.
Таа власт на Груевски забега во многу нешта, но од сегашен аспект направи неколку добри работи што ги почувствувавме дури и ние кои не сме од високото добро утро. Да не зборувам за додатокот за трето дете, кој не извади во неколку ситуации оти бевме на една плата.
Како и да е, кога вие сегашните дојдовте на власт помислив дека барем некои од добрите ствари на минатата власт ќе ги надградите, па така платата ќе ми рипне за уште 100 проценти, а исто и додатокот за трето дете, оти пак живееме со една плата. Тоа е фикс кај мене.
Ама како што се гледа, ништо од тоа не направивте. Ништо. Нула. Компир. Што направивте за три години владеење? Што бе луѓе? Што сменивте во мојов живот? Истата борба исти проблеми…
Грујо нема да се врати сигурно, бидете спокојни, ама ВМРО ќе се врати. Благодарение на вас. Благодарение на вашето самозадоволство дека кога сте на власт, таа природно ви припаѓа и не мора ништо битно да смените за нас малите луѓе. Ние ви требаме само за да дојдете до неа, после може и да цркнеме