Машиновозач од Битола кој заминува за Германија: Тука нема егзистенција, се е на молење

0

Официјално стапи на сила новиот германски закон за доселување на квалификуван кадар. Германските претставници се оптимисти дека законот насочен на вработување квалификуван кадар од странство ќе биде ефикасен во решавање на дефицитот на германскиот пазар на труд.

-Способноста за прилагодување и силна мотивација меѓу имигрантите се поважни од формалните квалификации-изјавил германскиот експерт Томас Либих за германски медиуми.

Тој предвидел дека технолошкиот пресврт ќе влијае на германскиот пазар на труд посилно отколку на било кој друг.

Пред новиот закон, само дипломираните студенти од земјите надвор од ЕУ можеа да дојдат во Германија да бараат работа, а претходно да немаа понуда за вработување.

Од сега квалификуваните луѓе ќе бидат примени под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.

Јохан е од Битола и работи како машиновозач во Македонски железници. Но само уште кратко – планира за брзо да ја напушти земјава и да оди за Германија. Не само привремено, туку за трајно – сака да ги повлече и своите најблиски, зошто вели тука нема егзистенција, се е на молење. Тој е само еден од повеќето граѓани кои камерата на „Телма“ ги најде пред Германската амбасада.

Условите се подобри, платите се подобри од тука и работата што ја имам најдено е подобро. Ќе возиме како воз тука што е таму трамвај. Дали сте квалификувани за тоа дали сте од македонски железници: Да. Плнирам да ги повлечам со спојување на семејство да дојдат и децата и жената. Подобро ќе биди, вака да се молиш па со плата, дал ти дал или не дал плата,па да правиш протести и тоа не го бива, велат граѓаните.

Повеќе од една година виза чекаат и другите граѓани кои ги најдовме пред германската амбасада. Велат процедурата си ја фатиле на време и сега очекуваат полесно да добијат виза. Од вчера Германија ги отвори вратите и за македонските работници – олеснети се условите за влез на квалификуван кадар.

Претходна статијаПристигна одговорот: Познато зошто поскапеа заштитните маски во аптеките
Следна статијаСашо Тасевски: Нека ми прости Горнион ова што ќе го кажам, затоа ќе тргнам од себе.