Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.
Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.
Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните , едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус, стои во соопштението.
Точно е, цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите, велат во писмено сооштение од Здружението на приватни аптеки.
Во него е наведено дека здружението сака се огради од шпекулациите дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на заштитните маски за лице.
Оттаму истакнуваат дека со, како што велат, таквите невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата.
Во моментов во Кина се произведуваат 116 милиони медицински и други заштитни маски на ден. За еден месец, производството е зголемено за 12 пати, соопшти денеска Државната комисија за развој и реформи.
Поради ширењето на болеста предизвикана од новиот коронавирус, носењето маски е задолжително во повеќето делови на Кина. Властите соопштија дека успеале да го надминат недостигот на тој производ во тековниот период на епидемија. Се проценува дека во просек се потребни две маски на ден по лице во реони кде е регистриран високо и среедно ниво на заболени од Ковид-19.
Некои групи на население, како што се медицински лица, воени, полициски службеници и општински и владини службеници, добиваат маски бесплатно.