Нема повеќе ученички превоз од дома до училиште – Ако не се промени итно излегуваме масовно на протест

0

Нема повеќе ученички превоз од дома до училиште. Отсега, сите оние кои учат надвор од местото на живеење, ќе патуваат исклучиво со редовни автобуки линии.

Ова е проблем за учениците од штипските средни училишта кои доаѓаат од околните општини, особено оние од селата. Тие ќе мора дополнително да патувата до локалните автобуски станици, оттаму до штипската, па до училиштата.

Ппоради ова, тие денес протестираа пред штипската локалан самоуправа:

„Некои деца во 5 и 30 им е превозот и мора да станат во четири за да стигнат бидејќи треба да патуват и по 3 килиметри за да дојдат до автобуската“

„Истиот проблем го имаме и ние од Радовиш првиот автобус е многу рано а со вториот доцнеме“ изјавија учениците

Ако ова под итно не се реши, учениците се закануваат со масовни протести:

„Бараме ова да се смени и ќе продолжиме да протестираме ќе штрајкуваме бидејќи не ни одговара на никој“ изјавија анкетираните ученици

Од друга страна, од Општината се категорични дека бесплатниот ученички превоз е организиран по сите стандарди:

„Општината мора да постапува според законските норми. Строго ни е посочено да го почитуваме законот за превоз на учениците односно општината да го користи меѓуопштинскиот линиски превоз. Тоз значи дека секој ученик кој живее во друга општина има бесплатен превоз од матичната општина. Ова значи дека превозот е покриен но не до вратата на училиштето туку до автобуската“ изјави Билјана Казанџиска , раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Стар.

Претходна статијаКарлеуша до Македонецот: ,,Морам да ти признаам дека цела се наежив од тебе” (ВИДЕО)
Следна статијаЛенче Ристевска од поранешното СЈО: Ќе докажеме дека Груевски и соработниците незаконски ја финансирале партијата