Во општината Беј Сајд – или поранешен Рокдајл -срцето на македонците беше организиран свечен пречек од градоначалникот Џо Авада и од почесниот градоначалник- македонец Бил Саравиновски. На свечената седница се разменија повеќе подароци. Инаку Рокдајл е збратимен град со Битола.
Трајче Гулевски, Гоце Јовковски, Ѓорѓе Иванов, Зак Гулевски од Сиднеј Македонија
Вечерта следуваше свечениот бал организиран од Сиднеј Македонија и момците кои неуморно работеа – Трајче Гулевски, Гоце Јовковски, Зак Гулевски а почесни гости беа др Иванов со семејството , Др Зоран Бечваровски и г-н Горан Торбаков од Добротворната организација од Мелбурн.
Сите средства од овие настани ќе одат во добротворни цели за набавка на автобус за постарите лица во заедницата како што изјави г-н Торбаков.
Во Недела во ФК Сиднеј Македонија во Џенсен парк се организира македонски културен спектакл.
Ѓорѓе Иванов во Австралија
Публикувахте от Shilo Magazine Шило Магазин в Петък, 28 февруари 2020 г.
За време на посетата во Австралија на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, додека држеше говор на донаторската вечера организирана од страна на Македонска Добротворна Организација, се вклучија алармите.
За време на неговото обраќање пред присутните во ,,Plenty ranges Arts and Convention Centre” се вклучија безбедносните аларми, по што Иванов неколку секунди стоеше без збор, а потоа праша – Да не ме предупредува да прекинам со говорот?
Сите присутни од салата набргу биле евакуирани и пристигнале противпожарните екипи.