(ФОТО) Потегот на вечерта од Заев до Мицкоски – без Груевски ништо

0

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, во вечерашната дебата на телевизија Канал5 му го понуди својот мобилен телефон на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се јави во Будимпешта на Никола Груевски за став околу Преспанскиот договор и интеграциите во НАТО и ЕУ.

-Немате став, еднаш бојкотиравте, еднаш гласавте за Преспанскиот договор и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Немате став, еве ви го мобилниот јавете се во Будимпешта на Груевски да ви каже став за ова, му рече Заев на Мицкоски.

На ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ возврати со обвинение дека Заев и челниците на СДСМ имаат контакт со Груевски.

Денеска сме членка на НАТО , ЕУ час поскоро треба да ја донесе одлуаката за започнување на пристапни преговори, но јас нема да ги подигнувам очекувањата по октовмриската историска грешка на Брисел, само ќе кажам, дека направивиме се и повеќе од тоа, нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Заев нагласи дека ние ја завршивме нашата работа, важно е што граѓаните знаат дека парламентарното мнозинство владата и СДСМ ги исполни сите очекувања, за се што беше јасно и прецизно побарано од нас како земја кандидат.

Тоа го потврдија од ЕУ со извештајот, а со усвојување на законот за ЈО дадовме аргумент повеќе, порача Заев.

Тој додаде дека носењето на сите овие реформиски закони е важно за овој народ, бидејќи ние ја европеизираме државата.

Во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисија Само Вистина на Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски праша дали владата на СДСМ и Никола Димитров министерот за надворешни работи, испратиле протесна нота до јужниот сосед кога од грчката страна го приватизирале името Macedonia The Great само во GR., односно како што рече Мицкоски често пати го гледал Димитров како потскокнува околу Груевски.

Господинот како што вие го нарекувате Димитров, кој што патем речено 9 години беше со Груевски, околу него или до него, јас често пати сум го забележувал како потскокнува отколку него, но нејсе, тоа е ваш проблем, ние примивме вербална нота а тоа е најнизок степен на дипломатско протестирање, од страна на нашиот јужен сосед.

Дали господине Заев, вие како тогашен премиер на владата испративте посериозен документ нота кога согласно делот 1, член 1, точка Ж, каде што стои во врска со погоре наведените термини за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци, дали се знае како тоа се регулира и се формира меѓунарoдна експертска група која што ќе ја сочинуваат претставници од двете држави. Кога нашиот јужен сосед го приватизираше име Macedonia The Great со GR.

На ова Заев изјави дека не реагирале, при што Мицкоски му порача дека токму поради ова Македонија се наоѓа на оваа позиција во која што е денеска.
Ние ги исполнивме своите очекувања, а јас верувам дека ЕУ ќе ги исполни своите ветувања кон македонските граѓани, нагласи претседателот Заев.

Претходна статијаФОТО: Заев на лице место му извади документ според кој тврди дека Мицкоски краде
Следна статијаДодека Заев и Мицкоски дискутираа, кај Битола прекинат сообраќајот кон Прилеп и Ресен: Познато што се случува