Филипче откри: И возачот на комбето заврши во болница, се очекуваат резултатите за него

0

Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку моменти на прес-конференција се огласи за моменталната ситуација и потенцираше дека нема простор за паника.

„Пациентката која што е носител на Корона е во стабилна состојба. Пред неколку часа возачот на комбето со кој патуваше, а кој беше во домашна изолација е спроведен на посебен начин во соба за изолација во болница Струмица. Тој се пожалил на болки во градите и кашлица. Земени му се примероци за испитување и за неколку часа ќе се знаат резултатите. Тој самиот бил дома, немал контакти ни со семејството“, изјави Филипче.

Пациентката кај која како прва беше откриен корона вирусот, останува до сега единствена. Нејзината општа здравствена состојба е добра и стабилна, не покажува знаци на евентуални идни компликации и можеме да кажеме дека влегува во фазата на опоравување, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Лицата кои биле во контакт со оваа пациентка се сѐ уште во домашна изолација под медицински и безбедносен надзор, и тој процес се одвива во позитивна насока.

Министерот Филипче информираше дека со здравствените власти вчера стапило во контакт лице од Струмица кое во земјата се вратило од северна Италија на 22 февруари и кој самиот се ставил во изолација во периодот додека е во земјата. Тој се одзвал на апелите на здравствените институции и самиот се јавил во Центарот за јавно здравје и сега е под лекарски мониторинг.

Задолжителна домашна изолација им е препорачана и на двајцата бугарски државјани кои службено престојуваат во нашата земја и кои во критичниот период биле во регионите на Северна Италија, но според нивните искази, немале директен контакт со заболени.

Министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести при Институтот за јавно здравје, препорачала да биде разгледана опцијата за ограничување на поголеми јавни собири, се со цел да се превенираат можностите за контакт со лица кои доаѓаат од областите во другите земји каде што е прогласена епидемија од корона вирусот.

Филипче рече дека оваа препорака вчера била разгледана на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и дека е утврден предлог да се разгледа препораката на Комисијата за заразни болести за ограничување на јавните собири и согласно Законот за заразни болести, за овој предлог да се произнесе Владата на Северна Македонија на денешната седница.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска се обрати на иницијалниот состанок на Секторската работна група за здравство, на кој беа разгледани наодите и препораките од проектот „Анализа на ефикасноста на системот за секундарна и терциерна здравствена заштита во Република Северна Македонија“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а го спроведе конзорциумот „Консеј Сантѐ“.

На состанокот, на кој присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, раководителот на секторот за соработка при Мисијата на Европската Унија во Скопје Никола Бертолини, регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, претставници на конзорциумот „Консеј Сантѐ“, претставници од меѓународни институции, од граѓанскиот сектор и членови на Секторската работна група за здравство, премиерот Спасовски во воведното обраќање истакна дека овој проект ги потврдува заложбите на Владата на Република Северна Македонија да организира спроведлив и одржлив здравствен систем во сите степени, и систем кој првенствено ја има грижата за здравјето на граѓаните.

Претходна статијаДетето пред мене на каса во трговски сакаше да купи кукла – кога дознав зошто не можев да гледам од солзи
Следна статијаСе приближувам кон Исмет и не ми се верува дека тој срцето си го носи во торбичка