Не се само патниците од комбето: Венко Филипче откри колку пациенти се во изолација

0

Венко Филипче, Министерот за здравство пред малку на прес-конференија имаше ново излагање по повод Корона вирусот и првиот пацинт во Македонија.

„Првата пациентка со Корона вирус има лесна клиничка слика и добро се чувства. Во овој момент на Клиниката за инфективни болести, освен за оној за кој се чекаат резултати, нема ниту еден сомнителен дру случај. За час и половина ќе има резултати“, истакан Филипче и додаде:

„Веќе денес почнуваме со постапка за дополнување на резерви за заштнитни маски, мантили и ракавици и друг медицински материјал“.

Првиот човек на македонското здравство се осврна и на лицата кои се во домашна изолација.

„Дванаесет лице се во домашна изолација во Скопје и Струмица, претежно се од исти семејства. Лица од црвениот крст им носат дотур на храна и вода. Имаме добра комуникација, добро ја разбираат потребата од изолација. Меѓу нив има 2 деца, ниту едно од изолиранит лица нема симтоми. Ако се појават тогаш ќе бидат спроведени веднаш во болница. Девет патници се од комбето, вклучувајќи ја пациентката која што е заразена и уште 4 други луѓе кои имале контакт со овие 8 патници“, заврши Венко Филипче.

Денеска тестирањата кај две лица дадоа негативни резултати, кај еден шофер што е дојден од северна Италија и една граѓанка дојдена од Рим. Се чекаат резултатите од тестот на уште едно лице од Рим, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Претходна статијаВо 2020 со забрзано темпо се распаѓа Скопје 2014 – вчерашниот ветер откри нов неквалитет при изградбата
Следна статијаЧулев оптимист – соопшти кога очекува да пристигнат обрасците за пасоши