Влатко Васиљ: Брашно купете, 50 килограми и од тие интегралните грицки колку што можете да носите

0

Статус на Влатко Васиљ:

Проверувајте рок на производите што ги купувате како залиха. Ќе ви се расипат док дојде армагедон.

И брашно купете, 50 килограми. Затоа што ќе дојде смак света и ништо друго ќе нема за јадење и ќе мора да месиш леб затоа што лебот ДРЖИ и заситува за да преживееш три дена поише.

Обавезно земете и од тие интегралните грицки колку што можете да носите. 10-15 кила. Немој само на леб да бидете па да се здебелите док го преживувавте армагедон, што ќе кажат останатите преживеани коа ќе ве видат. Башка лето иде.

Откако денеска министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на коронавирусот, во маркетите може да се забележи зголемен број на купувачи.Купувачите попладнево ги празнат рафтовите во маркетите. Се купуваат поголеми количини на брашно, масло, средства за хигиена, конзерви …

Министерството за здравство вчера објави телефонски броеви на кои сите можат да добијат подетални информации за коронавирусот, но и да повикаат медицински лица доколку не се чувствуваат добро.

Во Македонија е потврден првиот случај на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче попладнево рече дека се работи за жена родена 1970 година која била во Италија еден месец. Таму, како што рече министерот, била болна две недели и иницијално била третирана во италијанска болница, но таму не била тестирана за коронавирусот. Непосредно по влегувањето во земјата, околу два часот по полноќ, директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста“, рече Филипче.

Претходна статијаОткриено колку патници биле во комбето со жената која има Корона и каде се симнале
Следна статијаПознатиот македонски оперски пејач: Во Македонија има повеќе заболени од коронавирусот