Наставничка сум по математика и ме прогласиле за најлоша во школото – не сум ви јас крива што имате мрзливи деца

0

Јас сум професорка по математика и пред неколку дена дознав дека родителите заедно со моите ученици ме прогласиле за најлошата наставничка во училиштето. Барале од директорката да ме казни и да влијае врз мене.

Мојата почитувана директорка ме повика на разговор и ме сослуша, па за разлика од сите вас, имаше разбирање и се согласи со моите принципи.

Моите ученици се жалат дека им давам многу ниски оцени, односно лошо сум ги оценувала.

Математиката е тежок предмет, математика се знае или не се знае. Не можеш да ми филозофираш многу математика ова, математика она. Или знаеш или не знаеш, толку.

Разбирам дека секој не е роден за математика, како што еве јас на пример, не сум родена за јазици. Ама аман, престанете да кукате и земете нешто да научите.

Никогаш не го знаев англискиот јазик добро, ама секогаш имав четворка, бидејќи професорката што ми предаваше секогаш го ценеше мојот труд. И јас го ценам туѓиот труд! Никогаш не сум дала оцена 1 на ученик кој барем се обидел да ги реши задачите на тестот.

Па кога ќе ги дигнам на табла за да ја поправат и коригираат лошата оцена, тие замислете, отворено ми велат дека не се подготвени и дека не сакаат да одговараат. И после јас сум виновна? Јас сум виновна што учениците имаат лоши оцени?

Родители, престанете да ме напаѓате на улица, ве молам! Не ме обвинувајте мене, туку седнете и поработете со вашите деца.

Ова им го напишав во заедничката група која ја имаме наставниците со родителите и учениците, па видете какви коментари добив. Ќе ви испратам неколку, зошто многу ги имаше, преку сто. Некои беа на моја страна и ме поддржуваа, ама повеќето ме напаѓаа. Ви ги пренесувам во целост:

Мајка на ученичка 1: Имав и јас строг професор, ама секогаш знаеше да нè заинтересира за неговиот предмет, па затоа и учевме. Проблемот со повеќето вас наставници е, што ќе си дојдете на час, ќе си испредадете што си имате, а на тестовите ќе им поделите единици.

Мајка на ученичка 2: А гледам и педагогијата нешто очајно Ви оди наставничке. За да бидете професор, не е доволно само да го знаете она што го предавате, туку и да знаете како да ги заинтересирате децата. Тоа што така се однесуваат, тоа е ВАШ неуспех!

Татко на ученичка 3: Сите вие наставниците си мислите дека сèзнаете (недај боже ако ученикот им каже некое друго решение или дека знае исто колку нив), бидејќи вие сте завршиле “факултет”. Ако имате добра врска па и не мора да учите, додека оние деца кои немаат врски, мора да учат ден и ноќ и пак добиваат тројка!!!

Татко на ученик 4: Секој на светот заслужува двојка, со самото тоа што е редовен на настава. Научете нешто повеќе околу ова – вие препотентни наставници кои децата ги буткате да паѓаат година во основно-средно училиште! Научете и вие околу ова и образувајте се!

Мајка на ученик 5: Ние имаме тројка по математика и да ви кажам искрено, горда сум на син ми.

Мајка на ученичка 6: Сè зависи од професор до професор. Некој и мора да биде построг, што за мене е ОК. Слушам во некои полесни училишта сите добивале петки и тоа без знаење. Па утре моето дете кое се мачело за една тројка и некое дете кое без знаење добило петка, ќе седнат заедно некаде да работат.

Па дај одлучете се веќе еднаш (ова за сите важи), сакаме сите ученици да имаат петки или секој ќе си се потруди за оцената. Ова мислам дека треба да биде линеарно во сите училишта.

Татко на ученик 7: Слушајте ме мене, како бивши средношколец кој ја мразеше математиката, не е до тебе, туку до нашата незаинтересираност е. Потполно ги почитувам децата кои се трудат и на кои им излегуваш во пресрет.

Мојот совет до сите наставници е да се трудите само околу децата кои имаат перспектива и сакаат да се потрудат. Ако не сака да одговара и вели да му пишеш единица во дневник, тука нема што да се дискутира, негова работа е тоа. Не се нервирај ништо околу тоа.

Мајка на ученик 8: И постариот мој син имаше професорка по математика и делеше секакви оцени, секако според заслугите, ама сите сепак ја сакаа и никој не ја прогласи нејзе за најлоша. Напротив, таа беше најдобра професорка во школото. Така да, мислам дека треба Вие да се обидете малку да го промените Вашиот начин на предавање и односот кон учениците, па и на нив да им стане драг вашиот предмет.

Татко на ученичка 9: За математика не мора да си роден, важно е само малку повеќе време да им посветуваш на децата. Никој не се родил и нешто од раѓање да знае.

Само малку труд е потребно и сè се може. Колку што е до децата, толку е и до тебе, едноставно не знаеш да им ја објасниш материјата и да ги заинтересираш.

Мајка на ученичка 10: прво распрашајте се дали децата ве разбираат тоа што им го предавате. Мислам дека проблемот треба во вас да си го барате.

Мајка на ученичка 11: проблемот е тој што вие им ја гасите желбата за тој предмет, па учениците после немаат ни сила ни волја ни желба да учат ни да се трудат.

Мајка на ученичк 12: Вие малку треба да се позанимавате со самата себе како професор, малку да размислите за тоа како да ги заинтересирате децата повеќе да учат.

Јас кога бев ученичка, во средно имавме една строга професорка по македонски, ама кај нејзе сите, ама баш сите бевме вклучени, од прв до последен. Имаше и почитување и работа и дисциплина. Така да, пред да го барате проблемот кај другите, малку позанимавајте се со себе.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаЗаев откри како настанале снимките кои денес му ги извади Милошоски
Следна статијаПред 3 месеци ми исчезна мачката, ми јавија дека ја нашле и не сакаа да ми ја вратат, морав со сила да ја земам