Македонските ученици би можело да заминат деновиве на распуст

0

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска информира дека ја следат ситуацијата со грипот во земјава и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи и можно е пролонгирање на образовно-едукативниот процес.

На дневна основа ја следиме ситуацијата. Во постојана комуникација сме и со Министерството за здравство и со другите институции. Ќе ја следиме состојбата и согласно со околностите ќе преземеме конкретни мерки, рече Адеми на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ.

Тој посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.

Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции, изјави Адеми.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека расте активноста на грипот во Македонија, евидентирани се вкупно 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, што претставува 74 процентно зголемување.

Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б. Најголем број од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до 64 годишна возраст.

– Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени – рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Претходна статијаДоговорена ли е коалиција меѓу Народна и ДПМНЕ – близок соработник на Георгиевски го критикува СДСМ
Следна статијаЧичко Тофил од делчевско: Без пари не се живее, не се плашам од работа и едвај чекам некој да ме викне