64стелни јуници вредни 140 000 евра увезени од Чешка од денес се во Карбинци. Првата средба во новата средина висококвалитетните грла ја имаа со ветеринарите.
„Сите се веќе испитани во Чехословачка во делот на стерилноста, односно гравидитетот ,денес имаме активност на земање на крв за испитување на туберкулоза и други заболувања,а воедено и вакцинација против чваростата кожа која беше закана кај нас пред неколку години“ изјави Крсто Митев, ветеринарен лекар
Нов сопственик на јуниците е 60 годишниот Славе Данев кој веке 30 години се занимава со сточарство. Големата инвестиција Данев немаше да ја направи доколку во неговите планови не влезеше и државата.
„Успеавме да донесеме 60 грла јуници благодарение на државата ,до сега не беше тоа овозможено, можеби и да е било некаде во државата кај нас во Карбинци не беа донесени такви молзни јуници.“ изјави Славе Данев
Што Данев може да очекува од вака големата инвестиција?
„За дел источно фризерска крава и сименталец ,верувам дека на крај со самото внесување на новата крв верувам дека ќе имаме добри резултати.Спремни сме да одговориме и во делот на вештачкото осеменување,што значи имаме доволно количини на сперма ,како од источно фризерското говедо и сименталот,очекуваме за некаде 5-6 месеци истите да се овде и породат“ изјави Крсто Митев, ветеринарен лекар
Во однос на сместувањето и храната која за нашите сточари често е голем проблем, Данев вели.
„Доволно имаме храна , ова е за карантин ,требаше во Битола, ние смогнавме сили, го реализиравме ова, благодарение на инспекторите ни одобрија карантин“ изјави Славе Данев.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Стар.