За реконструкција на области погодени од земјотресот во Албанија на 26 ноември минатата година, потребна е и работна сила.
Раководителите на градежните компании му се жалеа на албанскиот премиер Еди Рама дека нема работници.
Додека вршеше увид во обновата на штетите во Драч, Рама рече дека е донесен закон за да се доведат работници од странство, иако ова според него изгледало апсурдно.
Рама во меѓувреме се соочи со некои невработени млади кои пиеле кафе. Тој ги повика да работат на градилиштата за реконструкција на разурнатите објекти.
Тие му се пожалија дека нема работа и дека се интелектуалци, а тој им врати дека наместо да чекаат вработувања како цариници и адвокати, во моментов да не седат и да пијат кафе, туку помогнат во обновата на урнатините како градежници и со тоа да заработат.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека сумата за обнова на неговата земја по ноемврискиот земјотрес собрана на донаторската конференција вчера во Брисел многу ги надминала сите очекувања. По завршувањето на донаторската конференција, Рама и изрази голема благодарност на претседателкaта на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
. „И 40 отсто од собраната сума би бил успех – ова е волшебно“, изјави Рама откако вчера на конференцијата „Заедно за Албанија“ беа собрани една милијарда и 150 милиони евра.