Објавено каде се биле следени Кичеец и Боки 13

0

Обвинителството денеска пред судот презентираше видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште за „Рекет“ призна вина и беше осуден на три години затвор.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило „порше“ со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис, познат хотел во центарот на градот и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски на ова реагираше дека нема никаков опис на активностите и на каков начин се поврзано со делото.

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Со видео снимки од кои се гледа движењето на веќе осудениот во Рекет, Зоран Милевски, продолжи судењето за Рекет.

Материјалите се дел од посебни истражни мерки, односно тајно снимање. Според обвинителството, снимките се направени во текот на месец јуни 2019 година.

При емитување на снимките во судница, реагираше обвинетиот Бојан Јовановски кој рече дека нема доволно објаснување за тоа кои се луѓето со кои се среќавало лицето што го следела полицијата, па рече дека тоа е ,,многу несериозно”.

Снимките обезбедени со ПИ мерки се последни понудени докази од обвинителството. Веќе од утре, судењето за Рекет ќе продолжи со докази и сведоци понудени од Бојан Јовановски и Катица Јанева

Со изведување на докази обезбедени со ПИ мерки, со тајно следење на Бојан Јовановски и Зоран Милевски надвор од домот со посебни технички средства, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот Рекет.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени од возило порше со бугарски ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Претходна статијаТалат Џафери призна: Згрешив
Следна статијаВо градот каде што живеат многу Македонци за само 60 денари цел ден може да користите јавен превоз