Со 108 гласа „за“ денеска се распушти Собранието, со што се исполнија условите предвремените избори да се одржат на 12 април, како што претхоно беше договорено.
На распуштањето му претходеше тензичен ден во Собранието, особено на гласањето на Законот за јавно обвинителство.
Пред самото распуштање експресно беа изгласани и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.
ште пет закони од дневниот ред на 131 седница, чие продолжение спикерот Талат Џафери го закажа пополаднево, донесе Собранието попладнево. Веднаш потоа Собранието продолжи со работа на својата последна 137 седница, на која се очекува одлука за распуштање на пратениците.
Законите беа донесен со по 66 гласа „за“ , додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше надвор од пленарната сала. Два закона беа донесени и со 28 гласа „за“ според Бадентеровото мнозинство.
Станува збор за законите за Инспекторат за употреба на албанскиот јазик и за медиуми, поднесени од група пратеници. Исто така, донесени се законите за заштита на лични податоци, за движење на предметите во судовите и за урбано зеленило.
Откако Џафери ја прекина 131 седница, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се вратија во салата за да учествуваат во расправата за распуштање на Собранието.