Бугарија бара Македонците во Албанија да учат бугарски јазик

0

Македонската заедница во Албанија, изминатите години, се соочува со растечки тренд и континуирани напори на бугарските власти да го асимилираат нашето малцинство.

Особено сме загрижени што нашата земја потклекна под притисокот на Бугарија, со уцената за вето за влез во ЕУ, и во законот се вметна признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија.

Со ваков став, од парламентарната говорница, се обрати пратеникот Васил Стерјовски, во името на партија која ги претставува Mакедонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција.

-И тогаш, ние, како Македонска заедница во Албанија, остро протестиравме, реагиравме дека сме против негирање на правата и слободите на секоја личност, група граѓани или заедница, но во овој случај не станува збор за бугарско малцинство! Такво малцинство во Албанија не постои!

Укажавме и потврдивме дека се работи за егзистенција на македонското малцинство и дека признавањето на бугарско малцинство значи геноцид за Македонците во Албанија.

Истовремено, посочивме, дека Бугарија ќе го злоупотреби своето членство во Европската унија со цел да ја продлабочи горенаведената цел: Асимилација на македонската заедница во Албанија и создавање непостоечка бугарска заедница – рече Стерјовски.

Стерјовски посочи дека, пред две години, Албанија го донесе Законот за заштита на правата на малцинствата, предложен од Министерството за европа и надворешни работи, а кое нотира постоењето на осум национални малцинства:

Грците, Македонците, Власите, Србите, Црногорците, Бошњаците, Ромите и Египтајните. Во законот, не пишува каде живее ова малцинство во Албанија, но Бугарија повикувајќи се на овој закон, својата пропаганда ја насочи во регионите каде што традиционално живее автохтоното македонско малцинство во Албанија: Во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, како и во селото Врбник во Деволската област.

-Во Албанија, според сите историски факти и пописи спроведени со годините назад, вклучувајќи го и последниот попис од 2011, во областите Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник, каде што Бугарија “бара“ бугарско малцинство, има самопрогласено македонско малцинство кое го има истиот фолклор, традиција и јазик како Македонскиот народ во целина во сите држави на Балканот, живее во компактни области на границата со Македонија и има територијален континуитет со државата Македонија, нема никаква врска со Бугарија, вели Стерјовски.

Според него, актуелнава бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија, е иста како во Балканските војни и бугарската окупација во Првата Светска Војна, кога, според историските факти, бугарската војска има извршено злосторства и силувања, посебно врз Македонците со исламска вероисповед кои живеат во областите Гора и Голо Брдо.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаНа семејството Нически од Охрид им е потребна нашата помош за да ја спасат малата Сандра
Следна статијаДруги шо сакаат нека зборуваат – мене овде во Италија најдобра другарка ми е свекрвата