Земјоделецот Мите од битолско: Што снег беше ова – една педа

0

Земјоделците од најголемата житница во земјава, Пелагонија, стравуваат дека ќе дојде до преполовување на родот, пред сѐ на житото, ако не паднат поголеми врнежи. Според нивни проценки есента, а сега и зимата се едни од најсушните во последните две децении.

Снегот, кој деновиве падна во Пелагонија, само привремено ја ублажи катастрофалната состојба со сушата.

Дваесетте сантиметри снежна покривка ги заштитија растенијата од измрзнување за време на утринските ниски температури кои паднаа и до 12 степени под нулата, но нема да ја задоволат потребата од влага на почвата која е сува со оглед на тоа дека и есента и зимата беа сушни.

Земјоделците од најголемата житница во земјава Пелагонија стравуваат дека ќе дојде до преполовување на родот, пред сѐ на житото, ако не паднат поголеми врнежи.

Според нивни проценки есента, а сега и зимата се едни од најсушните во последните две децении. Поради ланската суша што половина година ја зафати најголемата житница во државата, есенските култури беа посеани задоцнето до 15 декември, а околу девет илјади хектари со лебно зрно и зимава се соочуваат со недостиг на влага.

„Што снег беше ова? Една педа. Порано врнело по половина метар, во текот на есента имало обилни врнежи дожд, а годинава ни капка. Ова што заврна само не спаси од целосна катастрофа, но е премалку за да ја подобри состојбата“, вели земјоделецот Мите Јакимовски.

„Да не речам дека и до 50 проценти ќе влијае врз посевите. Имавме задоцнета сеидба, па голомразица и ќе имаме доста загуби доколку не заврне дожд или снег. Според метеоролозите, не се очекуваат пообилни врнежи.

Дождовите што паднаа беа многу слаби. Ако продолжат ваквите временски услови, ќе имаме проблем и со пролетната сеидба, ќе недостига влага, ќе има задоцнување. Ако продолжи вака ќе биде лоша за земјоделството. Не можеме да се бориме со климатските промени“, рече земјоделецот Панде Дамчевски.

Во Битола наврнале околу 130 литри дожд во месец мај ланската година, меѓутоа, од јуни па до февруари годинава наврнале околу 160 литри. Тоа е многу мало количество кое не може да ги задоволи потребите на почвата за да можат да се развиваат сите култури.

Целата сторија проследете ја на Радио Слободна Европа.

Претходна статијаТажна приказна: ”Докторкe, маж ми работи, не пие, секој ден имаме леб и нешто да свариме, не се жалам”
Следна статија(ВИДЕО) Татко кој што кај Ласкарци остан без својот син низ солзи се потсети и покажа што чува за успомен