Боки 13 го негира она што го слушна од разговорите со Камчев

0

Првообвиниетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, додека јавниот обвинител Ивана Трајчевска ги презентираше аудио снимките, тој во судница реагираше дека се работи за груба монтажа и дека тој ги знаел тие работи бидејќи доаѓал од тој бизнис.

Одбраната реагираше и на тоа дека не се знае точно кога се направени снимките, по што обвинителството возврати дека овие снимки не се прибавени со посебни истражни мерки, туку се доставени од сведокот Орце Камчев.

Од досегашните презентирани разговори во судница, може да се заклучи дека станува збор за истите разговори кои по отворањето на истрагата ги објави италијанскиот весник Ла Верита.

Во аудио разговорите се слушаат гласови на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Јордан Камчев.

Во судница се презентираше и видео снимката на која според обвинителството се гледа како Јовановски ги зема парите од домот на Камчев.

Од снимката емитувана во судницата се погледна во каква чанта Јовановски ги зел парите, а и моментот кога тој го напушта домот на Камчев.

На видео снимката реагираше обвинетиот Јовановски кој рече дека тоа е лоша монтажа, видео создадено со мобилен телефон, а на снимката не се гледа никакво дејство за кое е обвинет.

Во дополнителните снимки се слушаат аудио разговори во кои освен Јовановски и Камчев, се слуша и гласот на Катица Јанева.

Според одбраната, снимките немаат поврзаност со Кривичниот предмет и нивната автентичност била рамна на нула.

Претходна статијаОфицијално: Прв Македонец заразен од Корона вирусот
Следна статијаСнежана од куамновска на Бадник остана без покрив над глав: Немам ништо, ниту социјално, ни пензија