Шатков од Делчево: Од Кочани наваму веќе имате чувство како да сте во друга држава

0

Бесплатна сала за венчавање, паричен надомест за секое новороденче, надомест за секое прваче кое од септември ќе тргне на училиште, се мерки кои Општина Делчево ги реализира со цел да им помогне и да им го олесни животот на граѓаните.

Делчевци од јули лани можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ.

Вака одлучија општинските советници со цел да им излезат во пресрет на младите. Но, дали ова вродило со плод, дали има повеќе венчавки, од локалната самоуправа не можат да дадат прецизен одговор, од причина што не располаат со детални статистички податоци.

Oд Управата за водење на матични книги, велат дека од јуни лани досега во Делчево се склучени 77 брака.

Но, граѓаните се скептични дека во ова гратче на Истокот ќе се врати животот и дека луѓето тука ќе ја планираат својата иднина. Ги мачи немањето работа, но и малите плати.

„Тие мерки многу тешко ќе ги задржат луѓето во Делчево. Убаво е тоа што го прават, но овде нема живот, и можам да кажам дека Владата ја заборава Источна Македонија.

Од Кочани наваму веќе имате чувство како да сте во друга држава. Немаме патишта како што треба, немаме превоз, немаме лекари, немаме ништо.

Дури и оние кои работат овде се угнетувани, едноставно никој не го штити работникот. Примањата се многу ниски. За минимална плата во текстилот жените работат по 12 часа на ден.

Народот се иселува. Имам и јас членови од моето семејство кои се иселени. И јас сум веќе на тој пат, размислувам да се иселам во Германија“, вели Мустафа Шатков, жител на Делчево.

Друг 35 годишен делчевец кој работи во прватен сектор раскажува дека половина од граѓаните на овој град веќе се иселиле, и според него, веќе е доцна да се подобри демографската слика.

Целата сторија проследете ја на Фактор.

Претходна статијаОва треба да го направите за да добиете Германско државјанство или постојана виза
Следна статијаПознато кон кој странски политичар Македонците се најблагонаклонети