Статус на Никола Димитров:
“Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се китат со перјата). Ми кажа да се обидам да бидам во првата група; таму имало многу помала конкуренција.” Индира Ганди (1917 – 1984)
Опозицијата не само што не учествуваше во надминувањето на пречката за НАТО членството – решавање на спорот околу името – туку направи и уште прави се’ што може тоа да го оневозможи.
Прво, преку антиквизацијата го нагризаа идентитетот дома, а изгубија разбирање и пријатели надвор. Второ, не само што не гласаа ЗА на референдумот, туку се плашеа и да повикаат да се гласа ПРОТИВ.
Трето, застанаа до ѕидот во Собранието кога се гласаа уставните измени. Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите… зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија?
Се разбира дека не – за товарот нема никогаш да стават рамо, но за ловорики први ќе подадат глави. Тоа не е политика. Тоа во најдобар случај е површно политиканство. Во спротивно, и пореално, тоа е чиста деструкција спакувана во лажен патриотизам.
ПС. Мене ми стана незгодно …
"Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се…
Публикувахте от Никола Димитров – Nikola Dimitrov в Вторник, 11 февруари 2020 г.
Во војнички спакуван триаголник знамето на НАТО, пренесено од рака до рака и на крај гардиските на Армијата го развеаја на јарболот пред Собранието.
Иако уште се чека абер од Шпанија, пратениците пред да се распуштат во пресрет на изборите во еден глас прифатија да се изгласа законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
114 пратеници притиснаа “ЗА” , немаше друга боја на таблата со преброени гласови.
А веднаш потоа и најголем дел од присутните со аплауз го поздравија сопственото историско учество во гласањето Република Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО.
Консензус како ретко околу кој беа согласни сите, и граѓаните и политичарите рече претседателот Стево Пендаровски . Но по патот имаше компромиси.
Сите ги спомнуваа граѓаните, но им се заблагодарија и на сите претходни собраниски состави и владини гарнитури.