Статус на Ана Симонова:
Јас сум Ана Симонова дипломиран професор по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА, еве сега ќе ви ја претставам реалната слика во нашето УЧИЛИШТЕ ОУ “РАДЕ КРАТОВЧЕ”.
Откако е дојден директорот Благој Давитков партиски работите тргнаа низбрдо. Тој е ограничен и некреативен директор кој ја гуши секоја искра на новитет и транспарентност во работата.
Јас и поедини колеги откако е, дојден сме мета на вознемирување во неговата канцеларија. Поточно по неуспешната работилница закажана помеѓу здружението и училиштето , пред два, дена тој закажа наставнички совет кој беше одржан денес.
На тој совет јавно бев прозивана за нашето здружение кое според него немало врска, беше прозван орце николов како мој соработник.
Бев навредувана пред 60 тина мои колеги и имав лични закани. Беа покажувани мои фотографии од безбедносната камера на неговиот телефон што е кривично дело а, се шпекулира дека истиот ја има инсталирано на неговиот телефон за да, ги контролира вработените и врз кој може да изврши притисок.
Исто така бев лажно обвинета дека, случајот со бременоста на нашата ученичка произлегол во јавноста од мене. По наставничкиот совет не се чувствував добро, мојот сопруг ме однесе на болница од каде извадив лекарско за мојата состојба и сум на боледување.
Сакам воедно да произнесам дека откако е тој директор нашето училиште е постојано по портали за немили настани. Истиот нападна ученичка влечејќи ја, за коса, а имаше и физичка пресметка со Наставник од нашето училиште,како и напад за влечење на жена која исто има лекарско.
За мојата работа можам најодговорно да ви потврдам дека јас во тоа училиште имам само 8 часови Т. Е во две паралелки, а останатото е библиотека. Овој притисок врз мене не се случува првпат па, затоа планирам да, се обратам кон одговорни институции.
Денес за одмазда моето име се најде и на портали со што тој навлегол и во мојата приватност за мојот развод и со сето ова ги нарушил мојот углед и чест.
Дали само јас заборавав да се чекирам на, апаратот кој многумина, го забораваат нека прегледаат надлежните. Дали боледување да, земе жив човек е незаконски? Дали да ви се, разболи дете е нешто невозможно? Епа луѓе, партии!!