Атиџе упати една молба од САД – редно е да ја испочитуваме

0

Атиџе Муратова, главната актерка во филмот „Медена земја“, утрово со песна ја поздрави Македонија од Лос Анџелес.

На денешната онлајн прес-конференција со екипата на филмот, на прашањето дали Атиџе се гледа како актерка, таа истакна дека повеќе би сакала да се занимава со пеење отколку со глумење.

По номинациите за Оскар во две категории на Медена земја, Атиџе беше буквално ѕвезда и секојдневно имаше интервјуа на различни медиуми. После тоа, Атиџе со една молба до новинарите.

-Сега сакам новинарите да ме остават на раат. Доста е интервјуа. Јас си имам работа со пчелите, порача Атиџе.

На онлајн прес-конференцијата со екипата од „Медена земја“, кинематографот Самир Љума откри дека Жоакин Феникс, но и Тод Филипс, биле воодушевени од филмот „Медена земја“.

„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, како и Тод Филипс, режисерот на Џокер, но и уште многу други кои беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби“, порача Љума.

Атиџе, на која целото ова искуство ѝ било убаво и незаборавно, вели дека не би станала актерка, бидејќи повеќе сака да пее. Но, нагласува дека ѝ е доста од интервјуа и камери и дека треба да им се врати на пчелите.

Еден од режисерите на Медена земја, Тамара Котевска е среќна за успесите на филмот, без разлика на тоа дека не освоија Оскар.

-Нас секој ден ни се случуваа Оскари. Најважно беше што Атиџе беше тука. Таа беше главна ѕвезда. Мислам дека ова нашето нема да се повтори во скоро време. Нема разочарување за тоа што не зедовме Оскар. Срамота е да се има разочарување , истакна Котевска

Претходна статијаСе огласи таткото на Јане Ченто и упати силна порака
Следна статија(ВИДЕО) Вистинско Божјо чудо: Детенце прогледа откако беше измиено со света вода