И Заев се огласи пред Оскарите и упати силна порака за „Медена земја“

0

Статус на Зоран Заев:

Оскарите никогаш не биле повозбудливи за гледање. Вечерва да ја бодриме нашата медена екипа во трката за Оскари. Со вас сме Медени! ?? ?? Honeyland

Оскарите никогаш не биле повозбудливи за гледање. Вечерва да ја бодриме нашата медена екипа во трката за Оскари. Со вас сме Медени! 🍯🐝 🇲🇰 Honeyland#Honeyland #Oscars #МеденаЗемја #Оскари

Публикувахте от Zoran Zaev в Неделя, 9 февруари 2020 г.

Самир Љума и Фејми Даут, кинематограферите на македонскиот документарен филм „Медена земја“ се подготовени за црвениот тепих.

Според најавите македонската дизјанерка Тања Кокев е креаторка на смокинзите на Љума и Даут. Таа треба да се погрижи и за женскиот дел на екипата, за режисерката Тамара Котевска и за главната ѕвезда на вечерта, Атиџе.

Доцна вечерва, после полноќ, по македонско време ќе се одржи свечената церемонија на доделување на најпрестижната филмска награда Оскар, а „Медена земја“ има историски две номинации – во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарен филм.

Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во Њу Џерси, САД, ќе ја шминкаат Атиџе и ќе се погрижат за изгледот на останатата екипа на „Медена земја“ на вечерашното доделување на Оскарите.

Тие на социјалните мрежи веќе објавија дека се во Лос Анџелес, нетрпеливо чекајќи да започнат со подготовките.

Еден од најнеочекуваните филмови што се натпреварува за „оскар“ е фасцинантната приказна за пчеларката од Балканот Атиџе Муратова.

„Медена земја“ има силна еколошка порака, но животната приказна на жената во средиштето на филмот привлече внимание ширум светот, се вели во текстот на Би-би-си посветен на македонскиот документарен филм, номиниран за Оскар во две категории.

 

„Медена земја“ е првиот филм што се натпреварува за наградата за најдобар документарец и за најдобар интернационален филм.

Успехот на документарецот е уште повпечатлив бидејќи настана безмалку случајно, кога режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов го истражувале изолираниот планински крај со цел да снимат краток документарен филм – пишува во написот објавен од британскиот медиумски сервис.

Претходна статијаОткриено кој ќе се погрижи за вечерашниот изглед на Атиџе
Следна статија(ФОТО) Атиџе каква што не сте ја виделе досега: Протече првата фотка од тоа како ќе изгледа вечерва