(ВИДЕО) Снимката од Атиџе што стана вирална и ги придоби симпатиите на публиката

0

Уште неколку часа не делат од Оскарите, но и неизвесноста дали документарецот Медена земја ќе победи во трката за златната статуетка… Авторска екипа и хероината од филмот Атиџе Муратова вечерва ќе бидат дел од 92 издание на Оскарите.

Иако фаворит за најдобар документарец е Американа фабрика во продукција на поранешниот претседател Барак Обама и неговата жена, вниманието на македонската публика ќе биде насочено кон Атиџе.

Поради големиот интерес на јавноста,во МКЦ вечерва се организира пренос на Оскарите, а настанот ќе започне во 22 30 часот, со емитување на филмот. Церемонијата ќе се оддржи во холивудскиот театар „Долби“ во 2 часот по полноќ, а ќе бидат соопштени добитниците на оскари во 24 категории. настанот че се пренесува во 220 земји.

Медена земја е номинирана во две категории –документарец и странски филм Во првата категорија за оскар се тркаат и британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“. За најдобар странски филм, покрај Медена земја се и јужнокорејскиот „Паразит“, „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.Ова е првпат во историјата на Американската академија документарен филм да биде номиниран во две категории.

Еден од двајцата сниматели на „Медена земја“, Самир Љума, на социјалните мрежи објави видео од Атиџе Муратова, каде таа се става автограм на постер од филмот.

Снимката стана вирална и ги придоби симпатиите на публиката. Освен неа, на постерот се потпишани и останатите членови на екипата, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев.„Како на пасош“, ѝ вели Љума на Атиџе.

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Претходна статијаМакедонска студентка открива како летово за три месеци на Миконос заработила 30.000 евра
Следна статијаМакдонец се пишал дека е Албанец за да дојде до работа која носи плата 611 евра