Во болка и тага, Бранка и Стојан Костови ги минуваат деновите во својот дом во кочанско Спанчево. И по шест години од уб иството на нивниот син Даниел, болката не стивнува. Единствена светлина им е деветгодишниот Стефан, синот на Даниел. Тие се негови старатели.
„Многу е тешко да чуваш сираче. Може да чуваш внуче, ама да знаеш дека мајка му и татко му ќе се вратат. Ова е без родители. Даниел ни умре на 22 години, за детето да не е во дом, бидејки мајка му се откажа, му станаваме старатели“ вели Бранка.
Уби ецот на Даниел, доби шест години и на малиот Стефан да плаќа алиментација, се додека не наполни 18 или 22 години. До сега Бранка и Стојан немат добиено ниту денар.
„Детето има од каде да зима. Од тој што му го зеде татко му. Со судска пресуда треба да му дава 4.000 денари секој месец. Меѓутоа он не му дава. Тој не е осигуран во фирмата на жена му. Меѓутоа фирмата е семејна. Министерството за правда, министерството за труд и социјала, знаат дека Стефан расте без родители. Они треба да притискаат овој на детето да му дава пари“, вели Бранка.
Семејството пеживува со 9.300 денари инвалидска пензија на Стојан и малата помош од другиот син, кој пред половина година замина на печелба во странство. Разочарани се од целоснота негрижа на институциите.
Целата сторија проследете ја на Алфа