Можело ли трагедијата во Кочани да се избегне – убиениот пред една недела бил пријавен

0

Втор ден по убиството во Кочани, полицијата се уште не е сигурна кој е убиецот на 55-годишниот Ванчо Стоилковски. Сомнежот се сведува на синовите и сопругата, но и по сослушувањето на 25 и 30- годинишните синови, обвинение се уште нема.

Случајот кој вчера го шокираше Кочани, од денес веќе интригира со претпоставки кои се почесто се вградуваат во околностите на убиството. Дали семејниот завет на молчење и понатаму истрагата ќе ја држи во место или соодветни докази Обвинителството ќе има бргу, ќе се знае можеби уште утре за кога се очекуваат поконкретни информации.

Во секој случај, што точно се случувало вчера утрото на улицата „Климент Охридски“ број 8, веројатно освен за семејството , за сите останати ќе остане мала мистерија.

Секако, ова без оглед на фактот што обдукцијата категорично потврди дека смртта кај Ванчо Стоилковски настанала откако му биле нанесени повеќе убодни рани.

Според неофицијални информации, веќе починатиот пред една седмица бил пријавен откако со секирал се обидел да разбие врата.

Претходна статијаКоњ за малку ќе беше погубен за цела фамилија од Делчево
Следна статијаЗеколи: Aко им беше лесно да прогласат пропаднат Рeферeндум за успешен, тек што ќе прават за избори