Коњ за малку ќе беше погубен за цела фамилија од Делчево

0

Коњ мног лесно можел да биде погубен за семејство од Делчево кое налетало на животното кое се појавило на патот.

Вчера во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник.

Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Претходна статијаФатени на камера како ја пљачкаат Окта во Сарај (ВИДЕО)
Следна статијаМожело ли трагедијата во Кочани да се избегне – убиениот пред една недела бил пријавен