Нова несреќа во Македонија: Патнички воз излета кај Кичево

0

Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје, но нема повредени патници и персонал од железницата, изјавија за МИА од МЖ Транспорт ад Скопје.

Согласно со стандардната процедура, на местото се упатила екипа и помошен воз со којшто треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Согласно со стандардната процедура, со помошен воз треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Од првичниот увид на внатрешната контрола на Македонски Железници по незгодата која утринскиот воз на релација Кичево- Скопје ја имаше кај селото Падалиште има оштетен мотор и излетување од шините. Во незгодата нема повредени лица.

– Возот навреме е тргнат од станицата во Кичево. Композицијата налетала на одрон и карпа и за среќа нема повредени лица. Наскоро се очекува да биде направена и проценка на штетата, изјави Спире Најдески од внатрешната контрола на МЖ.

Според објаснувањата на контролорите кои вршеа увид, местото кое се наоѓа помеѓу двата тунела кај село Падалиште е подложно на одрони и ерозија. За да се избегнат вакви непријатни ситуации, на овој терен треба почесто да се вршат контроли и потенцијалните одрони навреме да се санираат.

Според нивните кажувања, одроните особено во овој период се зачестени и потребна е дополнителна претпазливост. Заради ваквата опасност, машиновозачите низ овој реон возат со намалени брзини.

Во патничкиот воз 71201 (шинобус) утрово околу 6:05 со педесетина патници налетал на одрон од земја и камања. Патниците биле префрлени до гостиварската станица. Од ударот композицијата излетала од шините, а сообраќајот на релацијата Гостивар-Кичево е во прекин.

Во текот на денот се очекува специјални машини да го вратат возот на шини и да се озовозможи редовен сообраќај.

Претходна статијаИлда сите ја знаеме: Еве како изгледа другата ќерка на Шабан – мажена е за на познат фудбалер (ФОТО)
Следна статијаЕмотивна порака на Афроамериканецот кој што уживаше да ги пее песните на Шабан Шаулиќ