Никој не би ѝ дал 46 години: Билјана Дебарлиева со нов имиџ

0

Убава и насмеана. Спокојна и со перфектна дикција. Така ја препознаваат Билјана Дебарлиева. По професија е правник. Но, правото го замени со телевизискиот екран. Почна случајно, а остана нејзин професионален избор. Сака книги, патувања, па и да свири на клавир. Мајка на две прекрасни деца Ана и Мики. Вљубена во својот сопруг.

Презентерката Билјана Дебарлиева важи за една од нашите најнегувани дами од јавниот живот. На Фејсбук профилот на презентерката и водител од „Канал 5“ телевизија, пријателите коментираат дека изгледа значително помлада. На една од поновите слики која ја објави, таа е речиси непрепознатлива.

Во опуштено издание, без наочари и со поинаква фризура, Дебарлиева со сосема поинаков имиџ

На Тв екраните е од деведесетите години, почнувајќи ја кариерата во Македонската радио телевизија. Потоа беше дел од тимот на „А1“ телевизија, а освен Утринската програма и вестите, нејзин заштитен знак беше емисијата „Бебе магзин“, која ја следеше женската публика.

Дебарлиева е горда мајка на Ана, која е економист, и Мики, кој е основец и има 14 години. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

Со ќерката Ана

„ Ана комплетно е посветена на економијата, како нејзина професионална определба. Никогаш не покажала интерес или желба за медиумите, дури имаше и мигови кога мојата професија и популарност ги чувствуваше како товар. Донекаде сум и среќа што не ја избра мојата професија.

Во денешно време се сменети многу работи, критериумите се изместени, па и новинарството и водителство не се она што биле некогаш. Кај Мики, мислам дека насетувам некоја мала искра или желба за телевизија. Но, сѐ уште е рано, времето ќе покаже дали тој можеби ќе биде мојот наследник“, изјави Дебарлиева во интервју за Женски магазин.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаДосега не сте прочитале: Како ви влијае временската промена зависно од хороскоскиот знак
Следна статијаУтре излезете од дома: Овој хороскопски знак ќе доживее нешто убаво