Жителите на село Ласкарци, откако цела ноќ помагале во спасувањето на десетица патници, некои од нив утрово повторно излегле на кобното место, каде животот го изгубија 14 лица, пренесува ТВ21.
„Тоа што го видовме вчера беше ужас. Бевме меѓу живите и мртвите. Дел од нив ги извлековме ние самите…“, вели Седат Ќазими – сведок на настанот.
Вака започнал да ја раскажува трагедијата која ја видел Седат Ќазими од село Ласкарци, кој во 17 часот излегол за да помогне и да спаси што повеќе патници од автобусот на агенцијата Дурмо Турс. Утрово Седат излегол за повторно да ја види сцената која го остави буден цела ноќ. Тој, но ии неговите роднини имале трауми од она што го виделе помагајќи на над 30 патници кои беа заглавени во автобусот.
„Тешко е да се опише со зборови тоа што го видовме! Видовме луѓе кои беа заробени од половината надолу. Но имаше и такви на кои главата им беше долу и без знаци на живот. На преживеаните им дадовме помош колку што можевме. Тоа е! Не може да се опише со зборови! Не може да се опише“, додава Седат Ќазими – сведок на настанот.
Седат рече дека побарале помош од жителите на село Бојане и Желино за да донесат посебен багер за да го кренат автобусот кој бил превртен на кров.
„Од двете страни имаше луѓе на прозорците. И од двете страни беа заробени патниците! Значи немавме можност да го превртиме автобусот, ни налево, ни надесно. Единствениот начин беше автобусот да се крене горе за да се извадат патниците. Јас самиот влегов во автобусот и ги ослободив патниците, некому ногата, некому раката, зависно, се додека ги извлековме надвор“, додава Ќазими.
Седат заедно со други соселани прво ги извлекле безживотните тела и ги оставиле настрана додека ја чекале брзата помош. Потоа продолжиле со спасување на заглавените патници.
„Поголемиот број од патниците имаа повреди во пределот на главата. Повеќето кои имаа повреди во пределот на главата почсинале на лице место. Имаше и луѓе со телесни повреди, имаше и некои со повреди во пределот на стомакот…. Сега автобусот е на едната страна! Овој дел кој сега се гледа, беше многу нагмечен. Сите кои излетаа од прозорецот, беа осакатен. . . Поголемиот дел од патниците кои беа внатре, беа повредни, но со знаци на живот. Тие кои излегоа надвор, значи беа целосно заробени. Дел од нив, се мртви“, додава Ќазими.
Тој за ТВ21 раскажа дека заедно со другите жители на село Ласкарци, штом ги извлекле првите жртви, почнале да ги пренесуваат во болница. Седат изрази жалење за тоа што го доживеале преживеаните од оваа трагедија и тагува кога ќе се присети на она што го видел во текот на едночасовното спасување на десетици заглавени патници.