Познат идентитетот на сите жртви – меѓу нив и млада мајка на две деца

0

Познат е идентитетот на 14-те патници кои го загубија животот во вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак, објави Алсат-М.

Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими

Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца

Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски

Бесим Камбери, с. Сенокос, гостиварско

Онур Садику (19), од Гостивар

Есат Емрули, од Гостивар

Ајдин Исмаили (19) од Гостивар

Бесим Фетаи, од Врапчиште

Бејза Узеири, од Долна Бањица

Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје

Бобан Аврамовски, студент на ФОН

Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар

Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија

Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје

Сочувства за загубата на 14 лица во несреќата која ја зави во црно цела Македонија доаѓаат од цел свет.

Германскиот амбасадор Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која изразува длабоко сочувство до семејствата на задгинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

„Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите“ – пишува во телеграмата.

Трагедијата допре и до еврокомесарот Јоханес Хан. Утешни зборови до државата и семејствата на загинатите испрати и тој.

„Сочувствуваме со семејствата и пријателите на жртвите и повредените“, пишува на Твитер еврокомесарот по сообраќајката кај Карпалак.

Телеграма со сочувство дојде и од Министерството за надворешни работи на Република Турција.

Во телеграмата на турското МНР се вели:

„Со тага ја примивме веста дека синоќа, на релацијата Скопје – Тетово, се случила сообраќајна несреќа, во која настрадаа 14 лица и има голем број повредени. На семејствата на загинатите и на нашиот братски народ на Македонија им изразуваме сочувство, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“

Во автобуската несреќа меѓу селата Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот животот го загубија 14 лица, а 37 беа повредени, од кои седум во тешка здравствена состојба.

Претходна статијаНово сведоштво од патник: Прво се слушна звукот од ударот во банкина, па врескање, патниците бараа помош
Следна статијаБоки 13: Ќе обезбедиме сместување во Скопје на семејствата на настраданите