Потресно сведоштво на еден од патниците: Се блокираше воланот, заедно го вртевме со возачот, но не успеавме

0

Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата.

Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди.

Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот.

Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да летнам и тоа беше се, раскажа патникот Бејтула Муриу врботен во министерството за економија.”

Први дотрчале жителите на околните куќи, меѓу нив беше и човекот, кој ја извадил патничката кој подоцна почина во болница.И тој беше премногу потресен за да раскаже детално што се случило.

Освен селаните, на настраданите им помагале и патници кои во моментот возеле по автопатот.

Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочуство до семејствата на настраданите и побрзо закрепнување на повредените. Од фирмата уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Од Дурмо Турс Гостивар соопштија:

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на настраданите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќ“, соопштија од „Дурмо турс“

Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.

Транспорт на компанијата и одобрила 4 лиценци. Две општински и две меѓународни, а поседува и лиценци за два возни реда .

Една од Гостивар кон Скопје која е со важност до 03.07.2020та и уште една за релација Скопје – Гостивар со важност до 18.02.2023та година.

Претходна статијаЧовекот кој прв стигна на местото на несреќата низ солзи раскажа за трагичната сцена
Следна статијаНово сведоштво од патник: Прво се слушна звукот од ударот во банкина, па врескање, патниците бараа помош