Директорот на Градската болница 8-ми Септември, Христијан Костов соопшти сега досега во оваа болница од донесените патници од превртениот автобус кај Тетово четворица се без знаци на живот, а еден од во критична состојба и се бори за живот, пренесе Фокус.
Директорот Костов рече дека се уште пристинуваат возила на брза помош со повредени патници и очекува таа бројка да стигне до 40-45 луѓе. Додаде дека болницата има капацитети да се справи со оваа ситуација.
На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.
На местото има над 20 амбулатни возила, а во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.
Мобилизиран е целиот медицински тим и ослободени се сите операциони сали.