Турската брачна двојка, Бурак Озчивит и Фахрие Евџан го живеат еден од највозбудливите периоди во животот- го чекаат да дојде на свет нивното прво дете.
Турската актерска двојка Бурак Озчивит и фахрие Евџан се вратија од Германија, каде Фахрие одмараше до своето семејство и сопругот во трудничките денови. Новинарите ги пречекаа во Истанбул при излегувањето од еден ресторан, а потоа следеше кратко интервју. Фахрие, која е во петиот месец од бременоста, се пожали на замор, додека Бурак изјави дека одлучиле да излезат малку на воздух и да се прошетаат.
На прашањето на новинарите како реагирале кога слушнале дека ќе добијат момче, Бурак одговара:
-Тоа беше неописливо чувство, изјавува аткактивниот актер.
Бурак исто така изјавува дека веќе разговарале за името на бебето, но додава дека не сака се уште тоа да го сподели со јавноста.
На прашањето како Фахрие ја поднесува бременоста таа вели:
-Моментално се чувствувам одлично, се е како што треба да биде. Одлучивме вечерва да излеземе малку, но многу сум уморна бидејќи надвор сме со часови.
На прашањето колку килограми се здебели во бременоста, таа не сакаше да даде одговор.
Пред неколку месеци во изјава за турските медиуми открија дека чекаа машко бебе, но името се уште не го откриваат.
Исто така се појавија информации дека на актерите им била понудена милионска сума за да го покажат лицето на бебето кога ќе се роди.
Деновиме каде и да излезат во јавност, фотографите постојано се околу нив, а од најновите фотографии може да се види дека трудничкиот стомак на Фахрие доста нараснал, а пак Бурак изгледа доста поразлично со долга коса.
Нивниот наследник ќе се роди наскоро, а тоа ќе биде дополнителна причина уште повеќе да бидат во фокусот на медиумите.