Пред да се омажи за Халит, Шехерезад беше во врска со овој познат турчин ФОТО

0

Берѓузар Корел (родена на 2 септември 1982 во Истанбул) е турска театарска и филмска актерка. Средното училиште го завршила во Star College. Дипломирала во универзитетот Мимар Синан.

Најголема слава има достигнато со улогата на Шехрезад Евлијаоглу во серијата 1001 ноќ и со улогата на Фериде во серијата Карадај. Знае да зборува англиски, француски, шпански јазик,и секако нејзиниот мајчин јазик Турски.

Турската актерка Бергузар Корел, која е мажена за својот колега Халит Ергенч, инаку главен актер во серијата „Сулејман Величествени“, вели дека тој е величествен и по дома.

Бергузар и Халит се запознале на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а се венчале во 2009 година и веќе наредната година го добиле синот Али.

Убавата актерка во интервју за „Cafe24“ открила дека со сопругот ги дели обврските околу детето и куќата.

– Се работиме заедно и сме вистински тим – кажала таа.

Халит Ергенч пред да се ожени со актерката Бергузар Корел бил во брак кој траел една година.

Веднаш потоа тој се жени со убавата Бергузар. Но, и таа пред овој брак била во врска која траела година ипол.

Романсата со турскиот танчар Тан Сагутурк не ја криеја од јавноста, а и ден денес може да се најдат нивни заеднички фотографии.

За разлика од повеќето нејзини колеги, Бергузар е меѓу ретките кои имале врска сдо партнер кој не е актер.

Сепак, на крајот својата љубов и верност таа му ја вети на колегата Халит Ергенч со кој се заедно и дома и пред камери, а од бракот имаат и син.

Претходна статијаСите ја знаеме Шехерезад, а ова е првата сопруга на Халит Ергенч Фото
Следна статијаТажна исповед на една мајка: Едниот син замина во Канада, сега и вториот си отиде