Ова e Бојан, возачот на автобусот кој удри во српската водителка – момчето во шок после несреќата

0

Деа Ѓурѓевиќ, водителка на утринската програма на телевизија „Пинк“, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Вождовац.

После морничавата сообраќајна несреќа, рано утрово во Белград, во која што на Деа Ѓурѓевиќ – водителка на ТВ Пинк – и била откорната раката од лактот кон рамото, се огласил хирургот кој успеал да и ја спаси раката…

„Стануваше збор за потполно откорната рака, од лактот кон рамото…Покрај тоа што беше окторната, раката беше и изгорена. Сепак успеавме да ја сочуваме и зашиеме многу успешно“, рекол академик доктор Марко Бумбаширевиќ, славен неврохирург кој ја оперирал Деа Ѓурѓевиќ, и додал:

Одлично ја зашивме раката. Секако, ќе мораме да ја следиме, но очекуваме дека ќе може сосема нормално да ја користи“.

Колку операцијата на Деа била тешка и компликувана хирургот објаснил сликовито, велејќи дека морале да направат 10. анастамози на крвните садови (природно или вештачки создадена врска помеѓу шупливите структури во организмот на човекот заб. на авт).

Инаку, откако се освестила водителката само кажала „Фала му на Господ, што сум жива“
Водителката пред несреќата имала мала сообраќајна незгода, кога во нејзиниот автомобил удрил друг автомобил.

Во моментот кога излегла од автомобилот за да ја утврди материјалната штета, на неа налетал автобус и ја удрил. Освен што ѝ ја откинал раката од силниот удар Деа удрила и во ѕид од болница, Таа била веднаш оперирана, а раката ѝ е прешиена и операцијата е успешна.

Од „Банбус“ за „Еспресо“ велат дека возачот веќе бил на сослушување во полиција и дека таму раскажал се.

Како што пишува Еспресо, возачот на автобусот го возел возилото кое во еден момент се излизгало и удрило во водителката, која на тротоарот преговарала после лесниот удар.

Од „Банбус“ велат дека момчето веќе било на сослушување, каде кажал дека автобусот се излизгал и дека тоа не можело да се контролира, а за момчето имаат само пофални зборови.

-Бојан е прекрасно момче. Слушнавме дека е многу потресен, не сакавме дополнително да му се јавуваме и да го вознемируваме, можеме да замислиме како му е сега. Сите надредени од нашето претпримеништво отидоа во болница да дознаат како е Деа. Ја познаваме Деа и ѝ жал ни е поради се и се надеваме дека ќе закрепне брзо – рекол Бранислав Ковачевич сопственик на претприемништвото „Банбус“ д.о.о.

Претходна статијаМераклика да проба и друг: „Тоа беше моја грешка, не требаше да го менувам мажот за комшијата“
Следна статијаСи ја добил казната: Сопругот ме изневеруваше додека син ни во болница се бореше за живот