Снег во Македонија – на овие места вее во моментов

0

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со среден интензитет има на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите се од дожд и снег.

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 20 до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.

Врнежи од дожд и снег ќе има понекаде и на пониските места а ќе започне да дува и југоисточен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Во текот на следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 л/м2) па токму поради ова можно е покачување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.

Претходна статијаДоколку сте спремни да работите во Германија – во овие професии најдобро се заработува
Следна статијаПо долго време конечно се огласи и Јелена Карлеуша: Еве што им порача на сите