Тамара Тодевска го покажа синот Дарен ФОТО

0

Тамара Тодевска конечно го покажа лицето на синот. Дарен е второ дете на поп-ѕвездата со поранешниот кошаркар Александар Димитровски кои ја имаат и ќерката Хана.

Дарен се роди на 12 декември. „Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска.

Ви испраќаме безброј бакнежи“, ни изјави Тамара веднаш по породувањето.

Бидејќи е активна на социјалните мрежи, веднаш по породувањето, Тодевска на социјалните мржеи ја сподели својата радост дека во своите прегратки го држи синот.

Ни тато, сопругот на пејачката не изостана со веселбата и радувањето за новиот член на семејството.

Дефинитивно најмногу на Дарен се радува неговата сестричка Хана. Малото девојче ја посети мама во болница, па во таа прилика го зема братчето во раце и го прегрна, секако со помош на мама.

Претходна статијаНеочекуван пресврт во аферата Карлеуша – Врањеш: На Огњен жена му ќе му прости се
Следна статијаЖените родени во овие знаци љубат страсно и го предаваат целосно своето срце