На остров во Хрватска нудат стан , плата и 7 000 евра бонус , но никој не доаѓа

0

Хвар е хрватски остров во Јадранското Море. Зафаќа површина од 297 km2, население од 11.103 жители и главен град е Хвар со 4.138 жители.

Денешното име на островот е од грчко потекло (од грч. Pharos – светилник). Од тој назив Римјаните го обликувале името Pharia. Далматинските Романи го претвориле во Fara, а во раното средновековие доселените Хрвати согласката f ја замениле со група согласки hv, менувајќи го називот во Хвар.

Локалното население го нарекува “Hvor”, “For”, а книжевниот облик „Хвар“ се јавува на источниот дел на островот.

Хрватска се соочува со сериозен недостиг на доктори и медицински сестри , особено надвор од поголемите градови.

Во Сплитско – далматинската жупанија од 250 доктори , дури 100 ќе заминат во пензија во наредните неколку години. Недостигаат и медицински сестри , па докторите и стоматолозите во ординациите работат сами.

Младите доктори , пак не сакаат да работат во малите места , а уште помалку на островите како Вис или Ластово.

Во местото Суќурај на Хвар е постојано отворен конкурсот за доктор , кој би требало да се грижи за 300 пациенти. Покрај платата , на идниот доктор му се нуди и стан и бонус од 7 000 евра, но никој не се јавува на конкурсот.

Затоа , тројца доктори од Јелса секојдневно се менуваат на дежурство во амбулантата во Суќурај.

Претходна статијаМетеоролозите предупредуваат: Ситуацијата е алармантна – пристигнува нов арктички бран на Балканот
Следна статијаДенот пред Водици е голем и тежок ден – направете го ова и една желба ќе ви се исполни