Бугарската актерка Јана Маринова е вистинско освежување во македонската популарна серија „Преспав“.
Третата сезона на „Преспав“ се снимаше со неверојатно брзо темпо. Снимавме по една епизода на ден, што во Бугарија е незамисливо. А мене многу ми прилега брзо темпо затоа што јас физички не се изморувам, а умствениот умор ме прави да се чувствувам жива, вели Маринова
„Никој не го исполнил својот сон без да им се спротивстави на сопствените стравови“ е мотото на бугарската актерка Јана Маринова, жена со богато искуство, нескротлива енергија и голема харизма, а која сега е дел од актерската екипа на „Преспав“. Јана е сестран уметник и се чувствува еднакво добро и на големиот екран и на сцената во театарот.
Покрај нејзината очигледна убавина, таа емитува ненаметлива самодоверба во која нема ароганција. Освен тоа, се смее гласно, има одличен апетит и не изгледа како принцезата што се насмевнува срамежливо.
Неодамна ја посетила познатата Школа за актерство на Ли Стразберг во Лос Анџелес, каде што три месеци интензивно изучувала актерски техники. Играла во „Glass home” „Familiata”, „Liasons”, „Zabranena Liubov”… Всушност, играла во 350 епизоди од различни серии, како и во филмови.
Маринова е новото актерско засилување во третата сезона на ТВ-серијалот „Преспав“ со ликот на Преслава. По емитувањето на првите шест епизоди од новата сезона, откако таа се претстави на нашите телевизиски екрани, посакавме да ја запознаеме подобро и да ѝ раскажеме на нашата публика зошто токму нејзе ѝ е доделена улога во „Преспав“.
Заводливата шефица изгледа одлично и додека не е на снимање.
Јана Маринова, 40 годишна актерка, која играла во над 350 епизоди од различни серии, играла во бугарски и американски филмови, во театарот… и повеќе од тоа.
Маринова е активна на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии од себеси и своите ангажмани.
Погледнете како изгледа кога не е на филмски сет: