Засмејуваше милиони ширум поранешна Југославија, а во срцето криел голема тага

0

Засмејуваше милиони, а во најраното детство доживеал голема трагедија на која сеќавањата ги носел длабоко во срцето целиот живот.

Да беше жив денес, Драгомир Бојаниќ Гидра, ќе имаше 86 години. Еден од најлегендарните актери од овие простори, уметникот кој ги „оживеа“ некои од најкултните ликови на југословенскиот филм и човек кој засмејуваше милиони гледачи во најраното детство доживеал голема трагедија.

Сеќавањето на неа го носел длабоко во срцето иако не дозволил таа да му одбележи животот. Славниот Гидра е роден на 13 јуни 1933 година во Крагујевац, но по ништо немал детство на обично дете. Уште во најраната младост останал сирак.

Неговата мајка Новка починала од туберкулоза додека Гидра бил многу мал, но тоа не беше крајот на трагедијата з семејството Бојаниќ. Кога Гидра имал неполни десет години неговиот татко Јован – Јоца, офицер на српска војска го стрелале во 1943 година за време на Втората светска војна.

И така Драгомор останал сосема сам. Во потрага по начин да се прехрани и што побрзо најде професија од која ќе може да „заработи леб“ завршил средно училиште за преработка на месо, овошје и зеленчук во родниот град и по матура се вработил во фабрика за конзерви „Црвена звезда“.

-По професија сум занаетчија. Имам квалификација стекната во СТШ Крагујевац, хемиско – технолошки отсек. Со глума почнав да се занимавам по потреба на службата, во фабриката за конзерви „Црвана звезда“ Крагујевац. Потоа преку аматерскиот театар „Света Младеновиќ“ дојдов во народниот театар Крагујевац, каде долго бев член“, раскажал Гидра во едно интервју на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век.

Токму тука, во ансамблот на уметници од Крагујевац се случило едно малки чудо кое му овозможило на младиот Драгомир својот раскошен талент да го покаже и надвор од границите на Крагујевац.

Имено, приказната вели дека неговите колеги со заеднички сили собрале пари кои му помогнале на Гидра да појде во Белград и се запише на Академија. Бил примен од прв обид и тоа во класата на познатиот Раша Плаовиќ и веќе во прва година почна да глуми во Народниот театар. А, се останато е историја…

Кога за првпат видел постер од Иги Поп на ѕидот од нејзината соба и кажал „ Добро, дете, од сите зошто баш го сакаш овој леш?, инаку сите нејзини другарки ги викал Лидија.

Бојана во 90-тите се сели во Америка, а претходно престојувала во Лондон. Драгомир пак, од странство се вратл поради носталгија, а таа поради неговата болест.

„При едно враќање во Србија 1993 година, болницата изгледаше како објект под опсада. Имав чувство дека се вратив во друга држава. Сите беа собрани околу него, лекарите целата смена ја поминаа слушајќи ги неговите монолози, луди шеги…вели Јелена и открива дека така завршил и негвиот последен час.

Претходна статијаПрвпат јавно открива детали од средбата – И Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа
Следна статијаЖивотната приказна на Душко Тошиќ – Пораснал во дом за да има што да јаде, а сега е милионер