Имал свој ангел чувар: Заспал и со своето „BMW“ се забил во „кров“ на тунел ВИДЕО

0

Возач на BMW минал вистинска авантура додека спиел зад воланот…

Контролните камери снимиле неверојатна сообраќајна несреќа на словачкиот автопат близу Попрад. 44. годишен возач на BMW поради умор заспал зад воланот и автомобилот таман пред тунелот почнал да врти надесно.

Кога свртел од патот удрил во бетонската пречка која во овој случај имала ефект на рампа. Автомобилот полетал и удрил во сводот на тунелот, односно, во горниот ѕид на тунелот.

Како во цртан или акциски филм, автомобилот после ударот се свртел полни 360 степени околу подолгата оска, за да на крај слета на патот „дочекувајќи“ се на тркала. И тоа, токму како што треба, во правец во кој се движел.

Иако несреќата изгледа страшно, а фотографиите го прикажуваат уништениот BMW, возачот за среќа минал без никакви повреди. нема сомнение, поспаниот Словак имал свој ангел чувар, а во овој случај тоа е BMW, односно фактот дека возел понова генерација на автомобилот кој сигурносно е понадмоќен од било кој постар автомобил, инаку останува сомението дека возачот би преживеал.

Neuveriteľná nehoda

NEUVERITEĽNÁ NEHODA: AUTO VYLETELO DO VZDUCHU PRI TUNELI BÔRIKDnes (20.12.2018) krátko pred 05:00 h sa stala nehoda osobného auta BMW pred tunelom Bôrik. Po dopade do tunela auto ostalo stáť na kolesách v smere jazdy Vodičovi (44 ročný Bardejovčan) sa v podstate nič nestalo, bol len jednorázovo ošetrený, v aute bol sám. Dychová skúška na alkohol bola negatívna.

Публикувахте от Polícia Slovenskej republiky в Четвъртък, 20 декември 2018 г.

Претходна статијаБаба Ванѓа го изненади светот: 2019 кобна за Путин
Следна статијаВодителката која ја гледаме на Сител со години беше мажена со познатиот актер – малкумина знаат за тоа