На 07.06.2018 година во Велес, во ЈЗУ Општа Болница Велес, пријавената, вработена како гинеколог – акушер во наведената болница, од В.П., побарала 50 евра без напомена за каква здравствена услуга се наменети, по што сопругот на В.П., и го дал на истата, бараниот износ.
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против С.Д.(58) од Велес за сторено кривично дело „примање поткуп”.
По ова, наведениот паричен износ не бил наведен во фискалната сметка за здравствените услуги на оштетената. На 26.06.2018 година во Велес, пријавената и нејзиниот сопруг, го убедувале сопругот на В.П. да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.
ЈЗУ Општа болница Велес е основана е во 1946 година како Градска болница за лекување на болни од туберкулоза. Како објект од цврста градба во кој се наоѓа и денес, изграден е во 1965 година.
Во 1976 година доградени се А, Б и Ц тракт и функционира во склоп на ЈЗО Медицински центар Велес. Од 01.07.2005 година со измени во Законот за здравствена заштита функционира како Општа болница Велес.