Марко се разбудил од кома по несреќата во Ниш – прашал едно прашање, таткото немал храброст да го одговори

0

Шеснаесетгодишниот Марко Лазаревиќ од Ново Село кој на 21. декември бил тешко повреден при несреќата во Ниш кога воз удри во автобус, се разбудил од кома во нишката болница.

Прво што го прашал својот татко е како е неговиот другар Алекса Димитријевиќ, кој во моментот на несреќата седел до него. Такото немал храброст да му каже дека Алекса подлегнал на повредите, туку само му кажал дека е меѓу тешко повредените.

-Марко е сега добро, има повредеи на пршлените, не знаеме дали ќе оди на операција. Вчера се разбуди од кома и веднаш праша за Алекса, ќе почекаме да закрепне, па ќе му кажеме дека остана без својот другар – изјавила неговата мајка за српските медиуми.

Го слушнав ударот кога автобусот се подели на два дела. Луѓето почнаа да викаат: “Нè удри воз”.

Ова се зборовите на Димитрије Јовановиќ, тинејџер, кој бил полесно повреден во страшниот судир на воз и автобус кој се случил утрово во селото Долно Меџурово кај Ниш, а во кој загинале 5 лица, а 30 биле повредени.

Како што раскажал Јовановиќ, тој седел на задниот дел од автобусот кога дошло до страшниот удар.

“Седев од позади, ништо не видов, само слушнав удар и автобусот се подели на два дела”.

Излегол надвор и видов луѓе како плачат насекаде – вели Јовановиќ кој утрово тргнал кон средното училиште “Никола Тесла”.

Неговиот татко Миодраг додал дека на овој премин барем еднаш во годината се случуваат несреќи.

Претходна статијаДенеска славиме голем празник – една работа мора да ја испочитувате
Следна статијаНовогодишната желба на малиот Радован ќе ве растажи: Утре ми е роденден и би сакал само торта со нинџа желки