Вее низ Македонија – каде има најмногу снег во моментов

0

Висината на снежната покривка утрово во Маврови Анови изнесува 17 сантиметри, 14 во Попова Шапка и Крушево, 13 во Тополчани, 12 во Лазарополе и еден сантиметар во Битола, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето во Македонија ќе биде облачно со локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени, Маврово -5, Охрид 1, Битола 0, Крива Паланка -2, Берово -1, Кавадарци 3, Дојран 6…

И утре времето ќе биде променливо, облачно и студено со умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе бидат Скопје 2, Маврово -5, Охрид 1, Кавадарци 6, Прилеп и Крива Паланка 0, Берово -1. Дојран 6 степени.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, студено и ветровито. Во северните делови ќе провејува слаб снег. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер.

Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Од УХМР најавуваат период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините

Претходна статијаАстро прогноза за 2019: Овие хороскопски знаци ќе се збогатат следната година
Следна статијаДенеска славиме голем празник – една работа мора да ја испочитувате