Браќата без престан трагале по татко им, но кога им заѕвонил телефонот и им се срушил светот

0

По страшната несреќа која се случи кога македонски автобус се преврте во Лесковац, при што настрафаа три лица, за жал се случи реприза на несреќата и повторно настрадаа најмалку три лица, овој пат во Ниш.

Во страшниот судир на воз и автобус кај Долно Меѓурово, настрада и Богомир Лазиќ(75) од Чокот, кој како и секој ден тргнал на пазарот во ниш, каде на тезга продавал зеленчук.

Секој ден одеше во Ниш, каде продаваше зеленчук. На телевизија слушнавме за несреќата. Не знам што се случило, но сите зборуваат дека возачот на автобусот е виновен -изјавил за Блиц, Бојан Лазиќ, син на настраданиот Богомир.

Хранислав Лазиќ, кому настраданиот Богомир му бил чичко, вели дека го барале меѓу повредените, но дека после еден час помалдиот син на жртвата, Горан, јавил дека доживеал страшна судбина.

Ме повика Горан и ми рече: Брате, готово е! Богомир беше во години, но беше витален и можеше уште да поживее. Жално е и за сите оние малди луѓе кои загинаа – рекол Хранислав.

„Возачот беше одморен. Вчера смената ја заврши во 16:45 часот, а утринава во 06:25 часот започна со возење. Пред тоа е контролиран тој и возилото и се беше во ред, вели Новица Ташиќ, заменик директор на „Ниш експрес“, автопревозник чиј автобус утрово учествуваше во стравичната несреќа на пругата кај Ниш.

Татко, кој слушнал за несреќата кај преминот во Ниш, вели дека веднаш тргнал по својата ќерка на местото на настанот.

-Ми се јави мојата 17-годишна ќерка која беше во автобусот. Кога се појавив таму беше страшно. Сите бараа помош, сите беа беспомошни. Малите деца плачеа, не можеа да дишат, се гушеа во солзи – раскажува потресениот родители Милан Лазиќ од Нови Сад

Ситуацијата која ја затекнал била страшна. Ги познавал децата кои во тој момент биле таму, па така набрзо ги повикал и нивните родители. Пота раскажал дека ја земал својата ќерка и уште едно девојче и ги однел до Клиничкиот центар.

-Ја земав ќерка ми и уште едно девојче кое имаше скршени ребра и ги однесов вдо Клиничкиот центар. Тоа девојче имаше нагмечување на црниот дроб и скршени ребра. Мојата ќерка имаше отечен капак, кој беше искинат, на него сега има четири конци и не гледа во моментов на тоа око – вели Милан Лазиќ.

Директорот на полицијата Владимир Ребиќ, по увид на местото на несреќата, кажал дека за истата најверојатно виновен е возачот. Од Ниш експрес велат дека со автобусот управувал возач со искуство од 5 години и 9 месеци.

Претходна статијаОваа убавица ќе биде жена на Путин: Која е Алина Кабаева, новата прва дама на Русија
Следна статијаЕвропската земја во која платата е 1.400 евра, а работници нема