Дејан Станковиќ, сопруг на настраданата Даниела Станковиќ(48) вели дека неговата сопруга со кобниот автобус кој го преполови воз, одела секој ден на работа во Апелациониот суд, веќе 10 години.
Главно одеше со автобус на работа. Некогаш ја возеше сосетката, некогаш одеше со автомобил. Навикна да оди со колешката Наташа, со тој автобус – ја почнува својата исповед скршениот сопруг. Како што вели, тоа кобно утро, неговата сопруга застанала и се премислувала дали сепак да тргне со автобус.
Кога тргна тоа утро, застана на терасата и рече: Деки, што мислиш да одам со автомобил со сосетката Билјана. И реков да оди и уште ја прашав дали сака јас да ја одвезам. Но сепак реши да оди со автобусот, бидејќи не сакаше да ја чека сосетката, а ниту мене да ме тера да ја возам по поледицата – вели Дејан. Кога слушнал за несреќата, веднаш отишол на местото каде што таа се случила.
Кога не го најдов нејзиното име на списокот на повредени и преживеани, отидов во капела. И што да видам. Подобро да не видев. Даниела седела на местото каде што удрил возот. Голем камен имаше во нејзината глава. На лице место, под возот настрадала. Лицето не можеше да и се препознае – едвај зборувал Дејан. Тој сопругата ја препознал по обетките и капутот.
Во петокот навечер требаше да оди на новогодишна прослава со колегите, но се откажа поради алергија. Се чуваше за роденденот на внука и од Германија. Купи син фустан кој планираше да го облече. Ќе ја погребеме во него – рекол сопругот.
Во сообраќајната несреќа кај Ниш настрадаа двајца ученици од овие две училишта. Алекса Д. бил одличен ученик, бил прва година во средното градежно училиште, додека Маријана К. била трета година во средното стручно училиште. Овие две училишта се наоѓаат во ист комплекс и користат ист двор.
Како што пренесуваат српските медиуми, Маријана утрово се успала и задоцнила на првиот час, па одела со автобусот кој беше смачкан од воз.
Страшната несреќа ги растажи и учениците и професорите.
Директорката на средното стручно училиште вели дека во сообраќајката со повреди се здобила уште една ученичка.