Рано утринава 5 лица настрадаа во сообраќајна несреќа кај Ниш, во судир меѓу автобус и воз.
Во оваа несреќа повеќе од 27 лица се повредени и сместени во Клиничкиот центар во Ниш.
Шеснаесет годишниот Димитрије Јовановиќ поминал со полесни повреди во несреќата која утринава околу 7:15 часот се случи кај Ниш, кога патнички воз удрил во автобус во кој најголем дел биле деца, и го преполови.
Момчето во изјава за РТС вели дека во автобусот има многу негови другарчиња и го опиша моментот на несреќата, но и она што го затекнало потоа.
-Јас бев позади, ништо не можеше да се види. Само возот удри и на два дела го подели автобусот. Седев, излегов надвор и видов луѓето плачат. Почувствував како го удри автобусот и се подели на два дела, вели Димитрије.
Според последните информации на српските медиуми, во страшната несреќа починалн пет лица, меѓу кои 15 годишно момче, а повредени се околу 30 кои се хоспитализирани во Клиничката болница во Ниш.
Полесно повредените патници велат дека патниците му викале на возачот „Затани воз, застани воз“, но тој очигкледно сакат да помине пред возот. Машиновозачот бил пренесен веднаш на псиохијатрија, а возачот на автобусот се испитува дали бил под дејство на алкоол или бил уморен.
„На тој премин обично возот труби и успорува и сега така беше. Ние бевме меѓу задните седишта и нас само во еден момент не исфрли на другата страна ударот. Викавме дека доаѓа воз, дека се гледа дека ќе дојде со судир, велат двајца ученици кои биле во аввтобусот.