Младиот Димитрије сведочи: Излегов неповреден, но што да видам надвор, луѓето плачеа

0

Шеснаесет годишниот Димитрије Јовановиќ поминал со полесни повреди во несреќата која утринава околу 7:15 часот се случи кај Ниш, кога патнички воз удрил во автобус во кој најголем дел биле деца, и го преполови.

Момчето во изјава за РТС вели дека во автобусот има многу негови другарчиња и го опиша моментот на несреќата, но и она што го затекнало потоа.

-Јас бев позади, ништо не можеше да се види. Само возот удри и на два дела го подели автобусот. Седев, излегов надвор и видов луѓето плачат. Почувствував како го удри автобусот и се подели на два дела, вели Димитрије.

Според последните информации на српските медиуми, во страшната несреќа починалн пет лица, меѓу кои 15 годишно момче, а повредени се околу 30 кои се хоспитализирани во Клиничката болница во Ниш.

Претходна статијаЗете мили зете: Кемал од Карасевда поклони три милиони евра на родителите на сопругата
Следна статијаИ после зошто се селеле во Германија: За еден месец земаат плата како за седум во Македонија