Скопјанка со апел: Не им давајте пари на жените со бебиња кои питачат

0

Скопјанка на „Фејсбук“ предупредува да не се даваат пари на питачите со бебе во рацете, бидејќи позади тоа стои многу пострашна приказна. Мерсиха посебно ја посочува и жената која редовно проси кај Бит-пазар.

Женава на слика постојано е на раскрсницата на Бит-пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие, дури питачи 5 часа, станува агресивна и сака да нападне. Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе?

За референца прoчитајте ја статијата Зошто децата на питачите спијат?

Пред неа ни јас не бев свесна за ваквите случаеви, пишува Мерсиха.

Таа додава и дека за случајот пријавила во полиција, но оттаму и кажале дека оваа работа не е во нивна надлежност.

Претходна статијаМоето среќно место беше секое утро кога се будев со неа во моите прегратки
Следна статијаДиректорот на Гранд, Саша Поповиќ првпат го отвори срцето за најтешкиот момент во неговиот живот